еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Државните институции потрошиле 8 милиони евра за нови автомобили во последните две ипол години

Најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации и базата на податоци за сите набавени нови патнички возила од државните институции во 2018, 2019 и 2020 година, покажува дека во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра.

„Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „Пасати“ по 39 илјади евра секој.

Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат „Порше лизинг“ со 3 милиони евра, кумановската „Делукс-ауто“ со 1,2 милиони евра, „Еуроимпекс“ со 890 илјади евра и битолската „Јосифов“ со 720 илјади евра,“ се вели во истражувањето.

Конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и да не постоела. Дури на 71% од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава. Ова го отвора сомнежот дека државните институции доминантно си купувале такво возило какво што сакале, стои во истражувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е институцијата која го има најскапиот автомобил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Печатница „Киро Дандаро“: Незначителен пожар и без последици

Редакција

Каили признала вина за „Катаргејт“ тврдаат медиумите, нејзиниот адвокат демантира

Редакција

(Фото+видео) „Цар Самоил“ во струмичко Банско реновиран и со нови услуги

Редакција