еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Град Скопје нема да купува нови автобуси, советниците не одобрија задолжување за 10 милиони евра

Советот на Град Скопје на денешната 23 седница не ја донесе одлуката за задолжување на Градот за набавка на нови 50 еколошки автобуси во текот на оваа година.

На предлогот за задолжувањето на Градот 15 советници гласаа за, еден против и 18 советници беа воздржани.

Градоначалничката Данела Арсовска минатата недела најави дека на денешната седница на Советот ќе биде предложено ново задолжување на Град Скопје во износ од 10 милиони евра за набавка на 50 нови еколошки автобуси.

Таа и порано најави дека Град Скопје ќе набави 250 еколошки автобуси на природен гас и електрични автобуси заради намалување на загадувањето во главниот град.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациент од Прилеп и од Велес починаа од Ковид-19

Редакција

220 се реинфекции, едно лице заразено по третпат: Нови 1.543 случаи на Ковид-19

Редакција

Детали од МВР: Петмина мета на пукањето во Александар Палас, полицаец возвратил

Редакција