еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Град Скопје: Остануваат средства за околу 3.500 барања за субвенции за инвертери

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 1.964 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.500 барања, информираат од Град Скопје.

„Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: www.surveymonkey.com,“ велат од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Министерство за труд и социјална политика велат дека ја стабилизирале дупката од 15 милијарди денари во ПИОМ

Редакција

Синдикалната минимална кошничка за септември 48.379 денари

Редакција

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба

Редакција