еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Град Скопје со препораки поради загадениот воздух

По добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, квалитетот на воздухот два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, информира Град Скопје, при што за таа цел, прогласени се неколку мерки од прв степен.

Од таму информираат за следните препораки и мерки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните: бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје, ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје, интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината, зачестено машинско миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и препорака на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност, зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје.

“Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје“. велат од Град Скопје.

Од таму апелираат и до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз, градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции, Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација, Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот, откажување/одложување на јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено, препорака градежната механизација да не се става во употреба за време на сообраќајниот метеж, да се користи јавниот превоз, возилата да се користат само во неопходни ситуации, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, редовно да се чистат оџаците.

Од Град Скопје информираат дека итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акциски план за заштита на амбиентниот воздух во Град Скопје што е донесен од Советот на Град Скопје.

“Овие мерки ќе бидат во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар“, се вели во соопштението.

Од Град Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат дадените мерки и да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува.

Оттаму информираат и дека веќе се започнати со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот во Скопје

Во скопски Центар, Гази Баба, Лисиче, Ректорат и во Струмица два дена алармантно загадување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Над 10 илјади граѓани протестираа во Атина за подршка на Палестина

Редакција

Да им помогнеме на мајка и болен син кои среде празници немаат храна

Редакција

Јавниот долг заклучно со 31 декември е 60,9% од БДП

Редакција