еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Градоначалникот на Чашка бара на преминот на пругата кај Порцеланка да се постави хоризонтална и вертикална сигнализација

На преминот на пругата кај велешка „Порцеланка“ го затекнавме градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, кој за МИА информира дека веднаш по информацијата дошол на настанот и првично на лице место видел 12 патници, од кои некои биле видно вознемирени.

-Бев во велешката блница во Велес и ги посетив повредените 10 возрасни и две деца на три и петгодишна возраст. Од првичните информации од лекарите кои ги прегледаа бев информиран дека се работи за полесни повреди.

Среќа во несреќа е што не заврши со трагични последици. На повредените им посакувам брзо опоравување и побрзо да бидат со своите семејства, порача градоначалникот Стојановски.

Тој информира дека преминот на железничката пруга Велес – Битола се наоѓа на регионалниот пат кој води од Велес кон сите населени места во општина Чашка.

-Јас веќе контактирав со надлежните од „МЖ“ и побарав тие да излезат на терен и колку се во можност поскоро да го обезбедат овој премин на пругата со сообраќајна сигнализација и вертикална и хоризонтална, порача градоначалникот Стојановски.

Тој појасни дека токму на овој премин секојденевно поминуваат голем број жители од сите населени места од општина Чашка кон Велес, бидејќи преминот се наоѓа на регинален пат.

Инаку, да потсетиме во изминатите години на овој премин се случиле голем број на вакви несреќи во кои животот го имаат загубено голем број на граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дванаестмината повредени во несреќата во Велес не се во животна опасност

Десет патници повредени во судир на возило на МЖ Инфраструктура и комбе кај Порцеланка во Велес

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снег и намалена видливост на неколку патни правци

Редакција

Владата воведува даночни ослободувања за спортски федерации, клубови и активни спортисти

Редакција

(Вознемирувачко фото) Загина мече на патот кон Вејце, најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа

Редакција