еМагазин
Image default
Локално

Снег и намалена видливост на неколку патни правци

Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен изутринава има на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во североисточните и западните делови од државата со наместа остатоци на кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец го искинал гласачкото ливче на сопругата

Редакција

Сопружници пред развод со остар предмет и насилство „расчистувале“ расправија

Редакција

Детали од Обвинителството за групната тепачка во Кавадарци во која е убиен маж

Редакција