еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Дванаестмината повредени во несреќата во Велес, не се во животна опасност

Дванаесетте повредени во несреќата што се случи попладнево кај велешка „Порцеланка“, при која возило моторна дрезина на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ удри во комбе со патници, се однесени во велешката болница и се надвор од животна опасност, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес.

– Сите се задржани на испитување и опсервација. Досега се снимани половината од патниците и скршеници кај нив не се констатирани. Но, сѐ уште се вршат испитувања кај останатите половина од повредените. Целосната информација ќе ја имам по 16 часот, изјави д-р Левкова Ќулумова.

Таа информира дека меѓу повредените има две деца на возраст од три и пет години и една 19-годишна девојка. Останатите повредени лица се на возраст од 30 до 60 години.

Информацијата дека сите повредени се надвор од животна опасност и дека на нив се вршат рентген и други испитувања ја потврди и д-р Љупчо Леов, ортопед, кој ги прегледал повредените. Тој потврди дека засега нема констатирано скршеници кај никој од повредените, но тие сепак се оставени на опсервација, а неговиот колега, д-р Ванчо Граматов ги прегледува останатите повредени.

Денеска во 12:01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ во Велес се случила незгода помеѓу железничко возило и комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, управувано од 52-годишниот Д.Ј. од Чашка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десет патници повредени во судир на возило на МЖ Инфраструктура и комбе кај Порцеланка во Велес

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува службеник, плата е 83.200 денари

Редакција

Веќе не е во прашање само Македонија, туку дали Софија ќе ја закочи европерспективата на целиот регион, вели Османи

Редакција

(ФОТО) Иванов: Јас веќе гласав пред 27 години, на 30 септември нема да излезам да гласам

Редакција