еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Градоначалникот на Демир Капија позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров е позитивен на Ковид-19. За ова тој денеска објави на својот фејсбук профил.

Во изјава за МИА вели дека продолжува со работа во домашни услови.

– И покрај заштита за цело време на пандемијата на Ковид-19, резултатот од тестот кој го направив вчера, откако почувствував покачена телесна температура, е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите, напиша Петров.

Вели дека вирусот е опасен и непредвидлив и апелира да се почитуваат препораките за заштита.

– Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на Ковид-19, порача градоначалникот.

МИА/Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летни книжевни препораки од „ТРИ“: „Половината што ми недостига“, „Пчеларот од Алепо“, „Продавница за животни промени“

Редакција

Пеколни темеператури и УВ зрачење уште денеска, утре попладне се очекува невреме

Редакција

Апел: На пеколните горештини, обезбедете достапна вода за животните!

Редакција