еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)

Отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, најави, преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.

И од двете страни на границата, и од Северна Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).

Од граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ескалацијата на состојбата во Украина ќе удри и по македонскиот џеб

Редакција

(Фото) Епископ Антаниски Партениј сослужуваше со Вселенскиот Патријарх во чест на празникот Успение на Богородица

Редакција

Бугарското Собрание денеска нема да расправа за „францускиот предлог“, седницата на Комисијата за надворешни работи одложена

Редакција