еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска сончево и топло, попладне дожд, температурата до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 36 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во наредните денови времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

Во вторник насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Преседан на Водици во Скопје: За сплотеност и заедништво, крстот посветен на сите учесници

Редакција

Граѓаните и фирмите „чуваат“ над милијарда евра во НЛБ Банка

Редакција

СЗО не го препорачува „туристичкиот“ ковид-пасош

Редакција