еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски е позитивен на Ковид-19.

– Ве известувам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 направив тест и тестот e позитивен. Јас сум во добра состојба и ќе останам во домашна изолација.

Се надевам дека не сум придонесол за понатамошно ширење на оваа зараза, напиша Куртовски на својот Фејсбук-профил.

Во телефонскиот разговор, тој за МИА потврди дека е во добра здравствена состојба и оти обврските ќе ги извршува од дома.

– Се трудев максимално да ги почитувам мерките за заштита. Но, ете сепак сум се заразил. Во добра здравствена состојба сум и обврските ќе ги завршувам од дома. Чувајте се и почитувајте ги мерките за заштита, порача тој.

Куртовски, кој раководи и со Кризниот штаб, не информираше дека во Општината има 12 позитивни на коронавирусот, сите во стабилна здраствена состојба и на сите им поска брзо закрепнување. Тој информира и оти осум лица се во домашна изолација.

МИА/Фото: Фејсбук/Куртовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во вторник и среда дожд и снег, од утре минусни температури

Редакција

Ова се телефоните: Клиниката за психијатрија со психолошка поддршка за граѓаните, заради состојбата со корона вирусот

Редакција

Официјално во Македонија детектирана БА 5 варијантата на омикрон, присутна е во неколку градови

Редакција