еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

На фирма и истече солна киселина, Град Скопје ќе и поднесе кривична

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против фирмата сопственик на цистерната од која синоќа истече солна киселина во близина на фабриката МЗТ во Општина Гази Баба.

Шилегов наведе дека фирмата работела без дозвола и го повика Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави.

– Иако надлежен за вакви инсталации е Државниот инспекторат за животна средина, ние веднаш по пријава на граѓани излеговме на терен. Направен е записник, констатирано е дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување понатамошно истекување.

Фирмата работела без дозвола, па затоа ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството. Го повикувам Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави, изјави градоначалникот Петре Шилегов, кој денеска одржа прес-конференција на која го најави почетокот на „Винтерленд“.

Инспекторот за инцидентот информираше вчера, нагласувајќи дека инспекторите од Град Скопје реагирале веднаш и дека е пронајден сторителот.

– По пријава од општински советник од Општина Гази Баба за непријатен мирис во околината на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување, соопштија од Инспекторатот.

Инспекторатот на Град Скопје констатирал дека правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина.

МИА/Фото: Инспекторат на Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1. јули следната година целосна забрана за пластични и оксобиоразградливи кеси

Редакција

Еко-свест и Светскиот фонд за природа бараат од Пендаровски да го врати во Собранието спорниот закон за дивоградби

Редакција

„Движењето за чист воздух“ реагира по информацијата дека нема докази за незаконско работење на Дрисла

Редакција