Најголем дел од заболените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 50 до 59 години, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 20. април, кои еМагазин секојдневно ги пренесува.
“Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45 години).
Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 255 (20,7%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 76,6/100.000.
Кај лица над 60 години регистрирани се 248 случаи со инциденца од 64,7/100.000.
Најниска инциденца од 21,8 и 20,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 50 и 51 случаи соодветно“, стои во анализата на ИЈЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Излекувани 23 здравствени работници заболени од коронавирусот
210 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот
Кај 3 лица од новозаболените со коронавирусот констатирана хронична и здравствени состојби
Новопочинатиот пациент од коронавирусот од Лабуништа имал претходни заболувања
Графикон: ИЈЗ