еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит со добивка во првите шест месеци

ГД Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот јануари – јуни 2020 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи, информираат од компанијата преку Македонската берза.

Консолидираните финансиски извештаи за периодот јануари – јуни 2020 година ги опфаќаат работењето на следните друштва вклучени во консолидацијата: ГД Гранит АД Скопје – матично друштво, Хотел Гранит ДООЕЛ Охрид – 100% поседуван, Карваш ДООЕЛ Скопје – 100% поседуван, Гранмак Виена гмбх – 100% поседуван, Гранмак експорт-импорт гмбх Германија – 100% поседуван, ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ – 100% поседувана, ГД Гранит Подружница Бања Лука БИХ – 100% поседувана.

“Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2020 година изнесуваат 2.302.676 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2019 година бележат намалување за 3,34%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2020 година се во износ од 2.211.648 илјади денари, споредено со истиот период 2019 година бележат намалување за 3,63%.

Во периодот јануари – јуни 2020 година, Друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 91.028 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 1.468 илјади денари, и е помала од добивката пред се поради останатата сеопфатна загуба во износ од 89.560 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото, намалена за позитивни курсни разлики од преведување на билансите на странските подружници со состојба на 30.06.2020.

Најголем дел од останатата сеопфатна загуба е резулат на значајниот пад на пазарните цени на акциите во периодот на месец март до јуни 2020 година во периодот на избувнување на кризата со Ковид-19.

Во текот на месец август 2020 година оваа останата сеопфатна загуба е намалена за приближно 48.000 илјади денари поради пораст на пазарните цени на акциите во месец август 2020.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2020 година изнесуваат 50.971 илјади денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акциите на Комерцијална, Гранит и Макпетрол најтргувани на Македонската берза

Промени во Одборот на директори на „Гранит“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР вработува 39 лица

Редакција

ТТК Банка ќе исплати дивиденда

Редакција

Втор ден прекин на Патничкиот и товарниот железничкиот сообраќај

Редакција