Надзорниот одбор на „Гранит“ по пат на телефон-телефакс врска без одржување на седница, го избра новиот состав на Управниот одбор, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Управниот одбор сега го сочинуваат Страшо Милковски, претседател на Управниот одбор и членовите Зоран Милковски, Андреа Серафимовски, Катерина Ѓердовска и Венко Зафиров.
„Сите избрани членови освен членот на Управниот одбор Катерина Ѓердовска, поседуваат акции во друштвото“, соопшти компанијата.
Ѓердовска доаѓа на местото на Виолета Божиноска, која во меѓувреме влезе во Надзорниот одбор.
Останатите лица се реизбрани односно и досега беа членови на Одборот на директори на „Гранит“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Промени во Надзорниот одбор на „Гранит“
„Гранит“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 33,33 по акција