еМагазин
Image default
Македонија

Инспектори ќе проверуваат дали се прекршени мерките при прославата на роденденот на Али Ахемти

Граѓаните биле совесни за новогодишната ноќ која поминала мирно и безбедно и без многу прекршувања на протоколите за заштита од Ковид-19.  Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска денеска на редовната прес-конференција истакна дека очекува така да биде и за претстојните празници Бадник и Божик, но повторно апелираше до сите граѓани и до стопанствениците да ги почитуваат мерките.

„Да празнуваме одговорно, во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања. Надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, сè со цел да се спречи ширењето на коронавирусот“, рече Грашковска, која денеска ги презентираше податоците за спроведените контроли од 28 декември до 3 јануари.

Во овој период, седумте инспекциски служби извршиле вкупно 5.718 надзори и контроли.

Таа во одговор на новинарско прашање во однос на палењето бадникарски огнови што традиционално се организираат на 5 јануари навечер, потсети дека е сè уште во сила мерката за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавни простори.

За прославата на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера во новите простории на Министерството за политички систем, на која членови од врвот на партијата не носеле заштитни маски, Грашковска одговори дека сите инспекторати постапуваат неселективно и така ќе биде и за овој случај.

„Надлежната инспекција ќе ги провери наводите дали има одредени прекршувања на протоколите и благовремено дополнително ќе бидете известени за сето она што е констатирано од нивна страна“, рече претседателката на Инспекцискиот совет во одговор на новинарско прашање.

МИА/Фото:Фејсбук/Османи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Без маски се славеше роденденот на Ахмети во новиот објект на министерството со кое раководи Груби

Твитер во „црвено“ за прославата на роденденот на Ахмети во објектот на Министерството за политички систем

Османи: Немаше ниту прослава на роденденот на Ахмети, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И медицински техничар од Инфектината клиника во Скопје заразен со коронавирусот

Редакција

Влада: Нема никакви тајни преговори, македонските позиции се јасно и гласно декларирани

Редакција

Владата за првиот дел од претседателската кампања одобри 100 милиони денари од буџетот

Редакција