еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немало прослава на роденденот на Ахмети, тоа било изненадување од вработен, вели Османи

Роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера предизвика погрешна интерпетација. Немаше ниту прослава, ниту партизација ниту непочитување на протоколите, посочи денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој рече дека станува збор за изненадување за лидерот на ДУИ во просториите на Министерството за политички систем од страна на еден од вработените, со честитка за неговиот роденден и потоа се искористил тој момент за да се направи слика.

– За жал тоа предизвика погрешна интерпретација. Немаше ниту прослава, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите. Имаше момент на промовирање на новиот објект во Министерството каде еден од врботените го изненади претседателот Ахмети со честитка за неговиот роденден и тоа се искористи тој миг за да се направи слика, рече Османи на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Во тој дел, според Османи, нема апсолутно кршење на протоколите. Можеби, како што рече, грешката е во пораката која се дава до граѓаните во моментот кога се сликале без маска, но според него, не станува збор за одржување церемонија без маски.

– Да, можеби тука прифаќам една грешка дека пораката која што се дава до граѓаните е дека слика без маска треба да се минимизира, независно што тоа е без маска во миг на сликањето, а не одржување на некаква церемонија без маски, но да, не треба да се пуштаат слики без маска, посочи тој.

Османи уште една посочи дека гарантира оти ниту имало прослава, ниту имало непочитување на протоколите.

– Треба да ги видите и другите слики за да видите дека тоа е момент на миг на изненадување во кој што тие кои се најдоа во моментот, направија слика. Жал ми е што тоа стана причина за вакви чувства и нервози кај граѓаните, мислам дека не треба да се повтори во тој дел на слики без маски заради порака, но во никој случај немаше кршење на протколите, додаде министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Без маски се славеше роденденот на Ахмети во новиот објект на министерството со кое раководи Груби

Твитер во „црвено“ за прославата на роденденот на Ахмети во објектот на Министерството за политички систем

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителот Ислам Абази непознат за јавноста, ама добро познат во ДУИ

Редакција

Обвинителство отвори предмет по допрен глас за паднатата фасада на „МЕПСО“

Редакција

Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје

Редакција