Во најголем дел од поголемите маркети во централното градско подрачје во Скопје, нема грав. Освен по маркетите, грав нема и во пилјарите. Од таму, отворено ни посочија дека овој производ недостасува поради замрзнатата цена.
На 11 април, Владата изврши корекција односно зголемување на замрзнатите цени од 3 април, поради зголемување на увозната цена на одредени видови овошје и зеленчук, поради претстојните празници. Помеѓу овие производи, беше и гравот
Согласно одлуката се утврдува цена во висина: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.
Иако од Државниот пазарен инспекторат постојано информираат дека вршат контрола кај трговците, тоа во пракса не функционира. Како за пример, доматите се продаваат и за 140 денари за килограм, иако нивната максимална цена е утврдена на 95 денари.
Што значи, производите или ги нема или трговците си тераат по свое па продаваат по цени повисоки од максимално утврдените. И во двата случаи, е на штета на граѓанинот и неговиот плиток џеб.
Ваквото ограничување на највисоките цени на овошјето и на зеленчукот во трговијата на мало, останува да важи до 30 април 2023 година.
Фото: Unsplash