И покрај силењата и најавите од владата се забележува доцнење во работата на комисијата за трговските ознаки и комисијата за учебниците, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос, упатувајќи критики до актуелната грчка влада, jави дописничката на МИА од Атина.
– Премиерот, за жал и на неговото патување во Америка продолжува со познатата тактика на двојазичност и не го користи дипломатскиот капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за да ги промовира нашите национални интереси. И сето ова, и покрај владините силењата и најавите, се забележува доцнење и во однос на работењето на комисијата за трговските ознаки и во однос на онаа за учебниците, вели Катругалос.
Поранешниот шеф на грчката дипломатија додава дека за овие теми доставил пратеничко прашање до министерот за надворешни работи на Грција и од него бара става за „поради неактивност и хипокризија да не се изгуби силата на договорот“.
МИА/Фото: Влада