еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Грипот однесе уште пет животи, вкупно досега 28

Во текот на изминатата недела, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со грип, од тоа кај две лица е утврдена претходна хронична болест/ко-морбидитет.

Петмината починати се од Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово, на возраст од 39-75 години, соопшти Институтот за јавно здравје.

Кај тројца од починатите е изолиран А(H1pdm) вирусот на грип, а кај еден несубтипизиран тип А.

Вкупниот број на смртни случаи асоцирани со грип во текот на сезоната 2018/19, досега е 28.

Во текот на 13-та недела од 2019 година (25.03-31.03.2019), се пријавени 478 случаи со заболувања слични на грип, што е за 51 отсто намалување во споредба со претходната недела.

Во споредба, пак, со 13-та недела од минатата сезона бројот на пријавени лица со симптоми на грип е поголем за 23,8 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија тврди дека дроновите кои летаат над касарни доаѓаат од Косово

Редакција

Три активни пожари во Македонија, а шест се под контрола

Редакција

Каков имот пријавил Ивица Николовски, новиот член на Судскиот совет

Редакција