еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски открива каков бил односот на Берлускони кон Македонија

На својот Фејсбук профил по повод смртта на италијанскиот политичар и бизнисмен, Силвио Берлускони се огласи и поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 86-годишна возраст почина Силвио Берлускони

-Имав многу средби и разговори со Силвио Берлускони. Од онаа првата која беше партиска во 2005 година во просториите на неговата партија во Рим, кога меѓу другото ми раскажуваше дека сака да има многу подолг живот од просечниот човечки живот и дека за таа цел приватно вложил ако добро паметам 400 милиони евра во научни истражувања за продолжување на човековиот живот, преку многуте средби во својство на премиери исполнети со многу анегдоти и шеги проткаени помеѓу службените и државнички разговори, за на крај последната средба да е повторно на партиски самит во Ла Валета на самитот на Европската народна партија во март 2016 година, време во кое се справуваше со многу политички проблеми и судски прогони за кои и покрај сѐ, ведро и проткаено со многу шеги раскажуваше.

Човек кој многу го сакаше и на свој начин го живееше животот, секогаш ведар и расположен, ќе остане во сеќавање на италијанскиот народ по многу нешта меѓу кои и како премиер на Италија со најдолг мандат по Втората светска војна.

Некои го почитуваат, некои помалку, но она што беше константа за нас како Македонци и како граѓани на Република Македонија, беше што секогаш и без исклучок ни даваше подршка кога ќе побаравме нешто за Македонија.

Во времето кога тој ја предводеше Италија, секогаш имавме отворена подршка, и не се грижеше многу што за тоа ќе помислат некои наши соседи или било кој“, пишува Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој беше Силвио Берлускони

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата за загинувањето на двајцата алпинисти во рудникот „Бучим“ се уште е во тек

Редакција

(Фото) Зградата на МНР во боите на НАТО, по повод двегодишнината од членство во Алијансата

Редакција

Кривична за Ацо Спасеновски, како министер за земјоделство овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари

Редакција