еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски повторно пред сите: Сам се повлекува од пратеничката функција

Азилантот Никола Груевски се јави на Фејсбук, во врска со неговиот мандат, за чие што одземање, Собранието треба да расправа по 7. јуни. Тој објави дека се повлекува од пратеничката функција.

„Целта легално да ми го одземат мандатот е јасно дека е неостварлива. И според Уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на комисијата за мандатно имунитетни прашања не подлегнаа на притисоците и пропагандата и им одржаа лекција по меѓународно право и уставно право на нивните колеги од власта кои во отсуство на аргументи расправата ја сведоа на „маалска дискусија за политика на клупа пред зграда“ во текот на расправата на комисијата.

Сепак, иако правото, уставот и меѓународните документи се на моја страна, јас нема да дозволам нашата партија и пратеници заради мене и мојот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети.

Несакам понатаму ниту да дадам можност на СДСМ користејќи ја оваа тема да ги избегнува дебатите за суштинските теми и проблеми кои го засегаат народот и да ги задскрива своите криминални политики.

Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција, а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.

Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со Уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците.

Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности“, вели Груевски на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Најавата на Груевски ја потврдува директната поврзаност со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта

Седницата за одземање на мандатот на Груевски и за избор на нови министри, по 7 јуни

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попис: Каква казна ќе заработите ако одбиете да се попишете

Редакција

(Видео) МВР апелира доколку граѓаните препознаат некој од хулиганите да пријави на 192

Редакција

Не е проблем ако сте ја заборавиле лозинката, како да проверите дали УЈП правилно Ви го пресметал персоналецот

Редакција