Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било какви невистинити изјави против мене, напиша на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по притворот на неговиот кум и истрагата за купувањето на плацеви на Водно.
„Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта.
Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа заедно со лицата прогонувани со намера да се принудат да бидат средство и алатка на власта во прогонот кон политичките неистомисленици“, напиша Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски
Русковска побара притвор за кумот на поранешниот премиер Груевски
Притвор за кумот на Груевски, судот ги „замрзна“ спорните плацеви на Водно
Фото: Фејсбук/Груевски