еМагазин
Image default
Локално

Група навивачи тепале малолетници и нападнале полицајци кај Камениот мост

На 24.11.2019 околу 15.20 часот на подрачјето на град Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Н.(20), Х.Ѓ.(22), Д.М.(18), Д.С.(24), Д.Г.(20) и четири малолетни лица, сите од Скопје, поради тоа што претходно на Плоштад „Македонија“, во близина на „Камен Мост“, како дел од навивачка група од околу 25 лица, со тврди предмети фрлале кон полициски службеници поради тоа што не им било дозволено да преминат преку мостот, информира МВР.

Исто така, на „Кеј 13-ти Ноември“ тие физички нападнале други четири малолетници, сите од Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец физички нападнал полицаец

Редакција

Тројца тепале возач на автобус на постојка на улица „Цветан Димов“

Редакција

Само во Македонија: Затвореник во Идризово вршел измами преку мобилен телефон

Редакција