Од почетокот на месецот има забрзан премин за носители на „МКарта“, при нивното доаѓање и излегување од Македонија.
Засега на списокот се 69 лица, а „МКартата“ може да ја добијат истакнати личности или поединци од дијаспората кои дале посебен придонес за подобрување на односите на Македонија со државата во која престојуваат, на меѓународниот углед на државата или се признати професионалци во струката. Картата има рок на траење од четири години.
А1он го објави списокот.
На списокот меѓу попознатите се оперскиот пејач Благој Нацоски, кошаркарскиот тренер Заре Марковски, ендрокринологот Горан Петровски, бизнисменот Ристо Гуштеров, поранешниот министер за странски инвестиции во една од владите на Никола Груевски, Глигор Ташковиќ, докторот Иво Бошкоски, уметничката Виолета Чаповска, бизнисменот Аднан Асановски, новинарката Емица Ниами Налбантиќ…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Брза лента“ на аеродромите за 69 истакнати иселеници кои имаат “МКарта“
Фото: ТАВ Македонија