еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Хајнекен“ го продаде бизнисот во Русија за едно евро

Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) излезе од Русија така што ги продаде своите операции таму на руската групација „Арнест“ за симболично едно евро.

Вториот по големина светски производител на пиво објави дека ги добил сите потребни дозволи за договорот и дека најверојатно ќе претрпи екстремно високи загуби од 300 милиони евра.

Компанијата својата намера да излезе од Русија по руската инвазија врз Украина во март 2022 година, а сега признава дека целиот процес траел подолго од очекуваното.

„Хајнекен“ имаше седум пиварници и 1.800 вработени во Русија, на кои им беше гарантирано вработување во следните три години. Холандската пиварница минатата година го отстрани својот бренд „Хајнекен“ од Русија, а производството на „Амстел“ треба да биде прекинато во рок од шест месеци.

„Хајнекен“ објави дека договорот, без опција за откупување на бизнисот, вклучува тригодишна лиценца за некои помали регионални брендови, кои „Хајнекен“ нема да ги поддржи или да генерира никаков приход.

Групацијата „Арнест“ поседува голема компанија за пакување лименки и е најголемиот руски производител на аеросоли, како и продажба на козметика и производи за домаќинството.

Многу мултинационални компании побрзаа да ја напуштат Русија откако Западот воведе санкции кон Москва, но Кремљ возврати со запленување на имотот на голем број западни компании.

Во јули, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за преземање контрола врз руската подружница на францускиот производител на јогурт „Данон“, заедно со уделот на пивската компанија „Карлсберг“ во локалната пиварница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 98 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

„АБ-ауто“ го доби тендерот на Апелацискиот суд Штип за набавка на автомобил вреден 32.000 евра

Редакција

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Редакција