еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Хамас повика на протести низ светот за поддршка на Газа

Претставник на милитантната исламистичка организација Хамас денеска повика во петок да се одржат протести ширум светот за подршка на Палестинците во Газа, јави ДПА.

-Го повикуваме нашиот палестински народ и народот во арапскиот и исламскиот свет во петок да протестираат во сите градови, рече денеска претставникот на Хамас за време на прес-конференцијата во либанскиот главен град Бејрут.

Тој додаде дека, пренесе германската агенција, протестите против „масакрите, воените злосторства и геноцидот во Газа“, исто така, треба да продолжат и во недела.

Хамас, движењето кое владее со Појасот Газа и е класифицирано како терористичка организација од страна на Израел, Европската унија и САД, повика на протерување на сите израелски амбасадори во арапските и исламските земји и запирање на сите дипломатски напори за нормализирање на односите со Израел. .

Во координираните напади на Хамас врз Израел што ги почна од Газа, на 7 октомври, загинаа околу 1.400 лица, од кои огромното мнозинство беа цивили, во она што се опишува како најтешката катастрофа во израелската историја.

Оттогаш Израел со безмилосни воздушни напади паѓа огромен број цели на Хамас во Појасот Газа.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Редакција

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Редакција

Проблемот со природен гас надминат – предлозите на „Макпетрол“ разумни

Редакција