еМагазин
Image default
Македонија

Хазби Лика ќе стане член на Советот за координација на разузнавачката заедница

Телевизијата Телма објави дека вицепремиерот за рамковен договор, Хазби Лика си обезбедил место во Советот за координација на разузнавачката заедница.

Таа позиција Лика ја добива автоматски и ќе стане дел од советот најдоцна за 30 дена, објави телевизијата.

Во законот за координација кој денеска го потпиша претседателот Стево Пендаровски, стои одредба дека вицепремиерот задолжен за рамковниот, во случајот Лика ќе биде еден од 8-те члена на советот кој оперативно ќе ги води разузнавачките активности.

Според Телма, проблемот го направил стариот претседател, Ѓорге Иванов, кој не го потпиша законот од 27-ми март со кој се формираше новото министерство, што значи дека новото министерство уште не постои.

Па поради тоа во реформските закони за тајните служби е предвидено вицепремиерот за рамковен да координира со тајните служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски ги потпиша законите за реформа на безбедносните служби

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за приведените во денешната акција во Арачиново, меѓу нив и полицаец вмешан во трговија со оружје и дрога

Редакција

Синот на Џафери и сопругата на Абази станаа обвинители

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм“

Редакција