еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Корона вирусот „влезе“ во Психијатриската болница во Демир Хисар: Заболени 17 пациенти и двајца вработени

Во Психијатриската болница Демир Хисар позитивни на Ковид-19 се 17 пациенти од три одделенија, информираат од Министерство за здравство за телевизија „Телма“.

Во моментов има вкупно 296 пациенти, а позитивните се откриени по тестирањето на 58 пациенти.

Во однос на возрасната група на заболените, еден пациент е на 27 годишна возраст, а останатите пациенти се на возраст од над 55 години.

Според информацијата од Министерството за здравство од 19-те позитивни пациенти, еден пациент е починат на 73-годишна возраст во Градската општа болница „8 Септември“. Овој случај е регистриран во редовната статистика на 3 август 2020 година.

Од психијатриската болница Демир Хисар посочуваат дека вчера биле земени уште 29 брисеви за тестирање на пациенти во одделението каде има двајца позитивни на коронавирусот. Исто така, земен е брис и на вработен во одделението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа четворица пациенти од корона вирусот, двајца од Скопје

Убава вест: Оздравени 93 лица со Ковид-19, најмногу во Штип и Скопје

Во болниците се хоспитализирани 348 возрасни и шест деца болни од корона вирусот

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 бил итно опериран во градската болница по воспаление на желудникот

Редакција

(Видео+Фото) Заев во Њујорк се сретна со Мицотакис: Средбата пред камерите изгледаше пријателска

Редакција

Македонската армија го прослави 27-от роденден

Редакција