еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хеликоптерската единица на МВР го изгасна пожарот во реонот на Демир Капија

Хеликоптерската единица за посебни намени при Министерството за внатрешни работи со хеликоптер Ми-171, активно беше вклучена во гаснење на пожар во реонот на Демир Капија, во околината на местото Дрен, близу Дошница.

Како што соопшти МВР, на локацијата што била зафатена со пожарот направени биле три циклуси со ведро и биле исфрлени 7.500 литри вода со што пожарот успешно бил изгаснат.

-Имено, препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, МВР ја опреми Единицата со три хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните.

Притоа, беше набавено едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“ кои ги гледаме на дело.

За да се овозможи успешно користење на опремата, беше спроведена меѓународна обука, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија и се сертифицираа сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени,“ наведуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко со „мазда“ удрил во неговиот тригодишен син

Редакција

47-годишен маж загина во сообраќајка кај Струмица

Редакција

Од срцев удар починало 26-годишното момче од Виница, семејството замоли за почит и да престанат шпекулациите

Редакција