Арјанит Хоџа, заменик претседателот на Беса повика да се изгасне осветлувањето на Милениумскиот крст на Водно во Скопје за да се заштеди струја во време на голема енергетска криза во земјава.
„Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребните трошоци за електрична енергија особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима.
Наместо нашите лидери да ни кажуваат како во нашите домови да ја користиме електричната енергија, јавно предлагам тие да почнат да штедат и во таа насока да го прекинат непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно“, напиша тој на Фејсбук.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.