еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска сончево и топло време со температура до 35 степени, од недела значително заладување

Времето денеска ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степен. УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурата. Особено топло ќе биде денеска и утре, кога дневната температура ќе биде над вообичаениот просек и ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

В сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а в недела ќе дува силен северен ветер кој најпрвин во северните делови ќе донесе заладување.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 144 оздравени пациенти од Ковид-19, од Скопје дури 105

Редакција

Град Скопје ќе потроши 32.500 евра на ручеци и вечери во познати скопски ресторани

Редакција

(Фото) Каролина во MANGO и во најубавата боја на сезоната

Редакција