еМагазин
Image default
Македонија

Во Скопје продолжува средбата на македонските и бугарските историчари од заедничката Комисија

Во Скопје денеска втор ден ќе заседава Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Бугарските историчари вчера по пристигнувањето во македонското МНР не сакаа да дадат изјава и да откријат детали за што ќе се разговара на средбата.

На вчерашната средба, во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците, појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза, итн..

Ѓоргиев оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија. 

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини: Аеродром „ита“ кон Чаир

Редакција

Бети Канческа не гласаше за Законот за јавно обвинителство

Редакција

Твитер „полуде“ по новата книга на Груевски: „Гепекот беше мал ама надежта голема“

Редакција