еМагазин
Image default
Локално

Хаос во Тетово: Затворен угостителски објект, затекнати близу 100 лица, марихуана и метaдон

При извршена контрола од страна на полицијата во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово- село Желино доцна синоќа во 23.45 часот биле затекнати 94 лица, од кои 73 гости. Затекнати се и 17 државјанки на Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија.

Од МВР денеска соопштија дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и интервентната полиција при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат по претходно добиени сознанија извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека објектот работи спротивно на законот односно мерките за справување со коронавирусот.

„Исто така, при извршената контрола пронајдена е марихуана и метадон при што лишени од слобода се две лица против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ. Против 17 лица ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. 418а од КЗ, а против сопственикот на локалот ќе биде поднесена пријава по чл. 206 од КЗ.“, се појаснува во соопштението од МВР.

Изречени се и три санкции за неносење лична карта и лицата се приведени во СВР Тетово со цел, стои во соопштението, утврдување на идентитет.

При контрола на локалот во посебно изработени рафтови со бројки, наведуваат од МВР, биле пронајдени пари.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е пломбиран и има забрана за вршење на дејност со времетраење од 30 дена.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец исчезна на Бит Пазар

Редакција

ИСОС го зајакнува капацитетот и поддршката на сите сметководители да ги исполнат законските и професионалните норми

Редакција

Тепале полицаец пред кабаре во Охрид

Редакција