еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Холандија и Шведска ги олеснија мерките за влез на вакцинираните македонски граѓани

Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Македонија, информираат од Министерство за надворешни работи.

Повеќе информации за условите за влез во Холандија можете да прочитате на линковите:  wijsopreis.nl и reizentijdenscorona.rijksoverheid.nl.

Во исто време и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање.

Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ (што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ).

Соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки кои би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври. Покрај проширувањето на употребата на ковид-сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски.

На следниот линк, подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: mfa.gov.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помалку издадени одобренија за градење во август

Редакција

По кавга на две малолетни деца во Охрид се степале нивните мајки

Редакција

Доктор Калчовска: За прележаните од Ковид-19 неопходна е физикална рехабилитација, поради намалена кондиција, отежнато дишење, продолжена болка, депресија, вознемиреност

Редакција