еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Холандија против влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната поради корупција и организиран криминал

Парламентот на Холандија усвои резолуција со која државата треба да се спротистави на пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

Холандски пратеници побараа од владата на Марк Руте да стави вето на пристапот на Бугарија и Романија кон Шенген. Тие сакаат да го анализираат функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји.

Европскиот парламент донесе резолуција со огромно мнозинство, барајќи од земјите членки на Шенген да дозволат двете земји да се приклучат на зоната за слободно движење на Европската Унија без понатамошно одложување.

„Бугарија и Романија стануваат заложници на внатрешната политика во Холандија, каде претстојат избори, смета бугарскиот претседател“, Румен Радев по повод резолуцијата на холандскиот Парламент против приемот на двете земји во Шенген зоната.

„Холандија сега е сама. Сите земји стојат зад Бугарија, оваа поддршка е важна… Имам уверување од чешкото претседателство дека ќе работи на решавање на ова прашање. Важно е во време на економска криза да не стоиме со блокирани граници“, посочи Радев.

Во моментов, земјите од ЕУ, Бугарија, Хрватска, Кипар, Ирска и Романија не се дел од Шенген зоната, која исто така вклучува и земји што не се членки на ЕУ – Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција целосно отворени кафулињата и плажите, ќе се служи и алкохол

Редакција

43-годишен Србин најден мртов во изнајмен објект во скопска Кисела Вода

Редакција

(Фото) Со мирен протест во Битола се побараа ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски

Редакција