еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алијанса за Албанците ќе даде подршка за измена на Уставот, ако македонскиот и албанскиот јазик станат рамноправни

В.д претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска истакна дека засега нема никаква понуда за неговата партија да биде дел од власта, а и да има ќе се одлучува преку партиските тела.

– За тоа дека ќе бидеме дел од мнозинство мислам дека повеќе е спин од ДУИ. Таму има интересни настани, поделени се во 3-4 фракции. Не може да се разбере кој со кого е. И мислам дека им понираат вакви теми, а јас сум кажал. Прв пат ме прашаа пред пет-шест недели.

Повторно ќе кажам ние не сме човек партија, туку сме партија која што има тела на партијата и ако има таков предлог, засега нема ништо ова е само шпекулација. Ако има таков предлог мислам дека не треба одлуката да ја донесе само претседателот, туку треба сериозно да се разгледа во партиските тела и да се донесе одлука, без разлика каква е, истакна Таравари, кој на денешната прес-конференцијата ја претстави анализата од нивните партиски експерти по повод најновиот Извештај за прогресот на Европската комисија за 2022 година.

Тој го повтори ставот дека Алијанса за Албанците има свои предлози доколку во Собранието се почне дебата за менување на Уставот.

– Овој пакет на мерки кои што ќе го дадеме, ќе се презентира пред најзначајните амбасади во Скопје. Потоа ќе се презентира пред медиумите и се надевам пред пошироката јавност, но и пред другите политички партии. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие.

Секако едно од нашето барања, второ ќе биде тоа еднаш за секогаш да ги тргнеме тоа 20 остсто. Да биде барем во Југославија како што беше, албанскиот и македонскиот јазик тука беа јазици кои официјално се користеа.

Јас се надевам дека има подготвеност од сите македонски политички партии, тоа да се прифати, тоа да помине и потоа да поминеме на други побитни теми, посочи Таравари.

МИА/Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Охридско Езеро се чистеше од цврст отпад, најголем дел доаѓа од реките кои се слеваат во езерото

Редакција

Продолжени актуелните правила за влез во Грција, од 15 март се укинува PLF формуларот

Редакција

Родителите во дилема дали децата да ги носат на училиште, од МОН велат дека настава мора да се организира и за време на штрајк

Редакција