еМагазин
Image default
Свет

Холандската министерка за надворешни Кааг поднесе оставка заради Авганистан: „Mинистерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика“

Холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Кааг, вчера поднесе оставка по критиките од пратениците кои ја сметаат за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.

– Домот смета дека владата постапила неодговорно … Единствено што можам да прифатам се последиците од таа процена како министер кој ја носи крајната одговорност, рече таа во говорот во парламентот.

Пратениците го прифатија предлогот во кој се истакнуваат критики до Владата за неуспехот во евакуацијата на дел од Авганистанци и дека однапред не увидела дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.

– Според моето разбирање на демократијата и нашата традиција на владеење, министерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика. Затоа до Неговото Височество (кралот Вилем-Александар) ќе поднесам оставка од позицијата министер за надворешни работи, рече Кааг.

Таа од мај беше вршител на должноста министер за надворешни работи. По изборите во март, сè уште не е формирана нова коалициска влада.

Сè уште не е јасно, проценува ДПА, какви политички последици ќе има оваа оставка врз формирањето на владата.

И британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, ден претходно беше сменет од функцијата заради управувањето со авганистанската криза, додаваат француските медиуми.

МИА/Фото: Фејсбук/Кааг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евростат: 22% од населението во ЕУ живее ризик од сиромаштија или социјална исклученост

Редакција

Меркел доби понуда од Гутереш да работи во Обединетите нации

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Над 17.700 лица убиени во Газа, 70% се деца и жени

Редакција