еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хорор во Скопје: Се опијанил и ја силувал ќерката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен дека на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка.

„Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот“, стои во соопштението од ОЈО.

Поради опасност од бегство и можност осомниченниот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Лицето се сомничи за сторено кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проектил од огнено оружје навлегол низ излог во скопска аптека и оштетил производи

Редакција

Убава вест: 246 оздравени од Ковид-19

Редакција

Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба

Редакција