еМагазин
Image default
Бизнис

Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи

Приходите од работењето на Хотели-Метропол А.Д. Охрид за 2022 година изнесуваат 182.349 илјади денари и истите гледано споредбено со 2021 година се зголемени за 55,42%, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Од овие приходи на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 172.819 илјади денари што покажува зголемување за  67,14 % во однос на 2021 година, останатите приходи во износ од 9.530 илјади денари се намалени во однос со истите од минатата година. Финансиските приходи се зголемени во однос на 2021 година и изнесуваат 833 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 181.057 илјади денари, се зголемени за 36,58% во однос на расходите во 2021 година. Најголемо учество во вкупните расходи за 2022 година од 37,19% имаат трошоците за вработени во износ од 67.337 илјади денари, кои споредбено со 2021 година се зголемени за 28,35% согласно покачувањето на минималната плата.

Трошоците за суровини и материјали во износ од 59.225 илјади денари се значајна ставка во расходите со 32,71% учество во вкупните расходи, кои во однос на 2021 година се зголемени за 70,39%. Финансиските расходи бележат зголемување во однос на истите од претходната година за 24%.

Хотели-Метропол во 2022 година оствари позитивен финансиски резултат остварувајќи нето добивка од 967 илјади денари, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хотели-Метропол“ во загуба од 16,2 милиони денари во првите три месеци од годинава

Корона вирусот ги „однесе“ во загуба „Хотели-Метропол“

Фото: Хотели-Метропол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Природниот гас и метанот во јуни достапни по пониски цени, велат од „Макпетрол“

Редакција

Попова кула објави по колку акции поседуваат членовите на Одборот на директори

Редакција

„Македонски Телеком“ ќе дели дивиденда од 25,9 милиони евра

Редакција