еМагазин
Image default
Бизнис

Корона вирусот ги „однесе“ во загуба „Хотели-Метропол“

„Хотели-Метропол“ А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2020 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Приходите од работењето изнесуваат 10.099.000 денари и покажуваат намалување од 85% во однос на приходите за овај период 2019 година. Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 8.774.000 денари.

Останатите приходи во износ од 1.325 илјади денари бележат зголемување во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат намалување во однос на истите во првиот семестар од 2020“, велат од компанијата.

Хотели- Метропол А.Д.Охрид во првиот семестар на 2020 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 40.100.000 денари.

„Имајќи ja предвид глобалната пандемија со Ковид-19, препораките и одлуките за заштита на здравјето на населението кои беа донесени од страна на Владата, а со кои беа привремено затворени сите угостителски објекти, откажани сите аранжмани со странство, затворени граници и аеродроми, директно се одразуваат на резултатите од работењето на Друштвото.

Со оглед на фактот дека пандемијата се уште трае и неизвесноста колку долго ќе трае, менаџментот на друштвото своите одлуки ги базира на кратки рокови со фокус на рационализирање на трошоците како би се амортизирале негативните отстапувања во период кој претстои“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хотели Метропол“ со добивка од 46,6 милиони денари за девет месеци

Кои се членови на Одборот на директори на Хотели Метропол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најниски просечни нето-плати во јуни

Редакција

Министерството за економија вработува три лица, плата до 32.868 денари

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Жито Полог“ за 74.000 евра

Редакција