Хотели-Метропол АД Охрид за периодот јануари-март 2023 година во своето работење оствари негативен финансиски резултат искажан во нерeвидираниот Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Приходите од работењето на Хотели-Метропол за 2023 година изнесуваат 5.802 илјади денари и истите гледано споредбено со 2022 година се намалени за 18,5%.
Од овие приходи на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 5.529 илјади денари, што покажува намалување за 20% во однос на 2022 година.
Останатите приходи во износ од 273 илјади денари се зголемени во однос со истите од минатата година за 42,4%. Финансиските приходи се зголемени во однос на 2022 година и изнесуваат 193 илјади денари.
Расходите од работењето во износ од 23.132 илјади денари, се намалени за 7% во однос на расходите во 2022 година.
Најголемо учество во вкупните расходи за 2023 година од 51,6% имаат трошоците за вработени во износ од 11.948 илјади денари, кои споредбено со 2022 година се зголемени за 16% согласно покачувањето на минималната плата и останато.
Трошоците за суровини и материјали за 2023 година во износ од 3.859 илјади денари се значајна ставка од 16,7% учество во вкупните расходи, и истите во однос на 2022 година се намалени за 23%. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите од претходната година за 45%.
Хотели-Метропол во 2023 година оствари негативен финансиски резултат, односно нето загуба од 17.192 илјади денари.
Со оглед на сезонскиот карактер на дејноста на Хотелите, остварениот негативен финансиски резултат е во нормални рамки споредбено историски низ последните 10 календарски години и истиот како се навлегува во главната сезона се проектира да премине со позитивна вредност, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи
„Хотели-Метропол“ во загуба од 16,2 милиони денари во првите три месеци од годинава