еМагазин
Image default
Бизнис

Хотели-Метропол во загуба

Хотели-Метропол АД Охрид за периодот јануари- јуни 2018 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Приходите од работењето изнесуваат 71.834.000 денари и покажуваат зголемување од 28% во однос на приходите за овај период 2017 година. Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 71.333.000 денари.

Останатите приходи во износ од 501 илјади денари бележат намалување во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат намалување во однос на истите во првиот семестар од 2017.

Хотели-Метропол во првиот семестар на 2018 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 1.835.000 денари.

Расходите од работењето во износ од 70.529.000 денари, бележат зголемување од 28% во однос на расходите за овај период во 2017 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 40,9% имаат трошоците за вработените во износ од 28.893.000 денари, кои бележат пораст од 22%.

Трошоците за суровини и материјали во износ од 24.781 илјади денари имаат учество од околу 35,13% во вкупните расходи, односно се зголемени за 31% во однос на иститот период минатата година. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите во претходната година.

Вкупните обврски по кредите на Хотели- Метропол претставуваат 12,3% од капиталот и резервите.

„Имајќи го во предвид сезонскиот карактер на работењето досегашната реализација на деловната 2018 година на Хотели- Метропол е во рамките на планираните активности.

Во наредното тромесечие од 2018 година менаџментот на Друштвото ќе се залага да го задржи континуитетот на работењето и соодветно да се справи со ризиците кои ги носи деловното окружување со цел да ги исполни проектираните активности за деловната 2018“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за здравство без тендер склучи милионски договор со „Феникс фарма“ за набавка на инсулин

Редакција

УЈП ќе добива податоци од банките за граѓаните за пополнување на годишната даночна пријава

Редакција

Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Редакција