еМагазин
Image default
Македонија

Христијан Мицкоски во Тетово се сретна со Биљал Касами

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами денеска имаше средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во зградата на тетовската локална самоуправа.

Двајцата истакаа дека зборувале за решенија за кризите во државата.

-Со Христијан Мицкоски разговаравме за соработката на централно ниво, за изнаоѓање на решенија во делот на кризата во која се наоѓа државата, како и во меѓународно ниво, на внатрешен план за економската криза која е посериозна во делот на енергетската криза, разговаравме во делот на тоа како да ги координираме активностите за да имаме побрзи избори и волјата на народот да биде на централната власт, Владата да биде согласно гласовите на народот, истакна Касами.

И Христијан Мицкоски рече дека имале конструктивен состанок и разговар за актуелните теми кои ги мачат сите граѓани.

-Разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација како што кажа градоначалникот за предизивиците за енергетската криза. Дојдовме до еден заеднички заклучок дека и тоа е заклучок на огромно мнозинство граѓани дека држава оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа Влада треба час поскоро да замине за да и тргне на Македонија и граѓаните на Македонија без разлика дали се тоа граѓаните на Скопје, Штип, Тетово, Струга.

Колку подолго оваа Влада на СДСМ и ДУИ остане таму каде што е толку повеќе проблеми ќе имаат сите граѓани толку повеќе полни автобуси ќе ја напуштаат Македонија и најголем дел од нив никогаш нема да се вратат, толку повеќе ќе имаме корупција, криминал, ќе имаме лоша економска состојба.

Ако некогаш бевме лидери во регионот според економскиот раст и бројот на инвестиции за жал денеска сме на самото дно и поразувачки факт е тоа, истакна Мицкоски.

На новинарско прашање дали станало збор на средбата за другите теми на локално ниво Мицкоски истакна дека не би требало да има теми кои би останале табу. Според него секоја тема треба да се отвора и треба да се затвора и дека вво Македонија има премногу теми отворени, а многу малку затворени.

МИА/Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против градоначалникот на Боговиње, осомничен е за „несовесно работење во службата“

Редакција

Влада: Налепници со „НМК“ наместо нови регистарски таблички

Редакција

Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа

Редакција