еМагазин
Image default
Македонија

Хрватски „Јутарњи“: Велес повторно во центарот на вниманието за лажни вести во пресрет на претседателските избори во САД

Хрватски „Јутарњи“ пишува дека „троловите“ од Велес повторно градат мрежа на веб-страници со помош на која шират лажни вести во пресрет на претседателските избори во САД.

Тие ја истакнуваат веб-страницата Resist the Mainstream, но голем број на текстови се копирани од останатите веб-страници, а посебно од десничарскиот портал The Daily Wire.

Текстовите, според пишувањата на „Јутарњи“ ги поддржуваат или промовираат конзервативните политичари.  Хрватскиот медиум се повикува на истражувањето на „Партнерство за интегритет на изборите“.

Тинејџерите од Велес се „прославија“ со лажните вести кои ги креираа за последните претседателски избори во САД, кога победи Доналд Трамп. Македонија, благодарение на нив, беше ставена на мапата на држави од каде што потекнуваат лажните вести и поради тоа беше топ тема на светските медиуми, кои пак, изразија голем интерес за Велес и голем дел од нив и правеа репортажи од градот.

Целиот текст ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отец Пимен до Гоце Делчев: „Вади дневникот и пиши ни кецови, ништо не сме научиле“

Редакција

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 29 лица

Редакција

Од Липково се 16 од вкупно 19 новозболени од корона вирусот во кумановско

Редакција