еМагазин
Image default
Македонија

И директорот на ДЗС потврди дека пожарите се подметнати

Во моментов сите пожари кои беа активни во текот на вчерашниот ден се ставени под контрола, информира за „Мета“ Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

„Денес е ставен под контрола големиот пожар во крушевско, над село Норово, во чие што гасење учествуваше и АРМ со еден хеликоптер, како и силите на Територијална заштита на Општина Крушево и противпожарни екипи. Министерството за внатрешни работи и инспекциите се активни на терен и во врска со вчерашните пожари е веќе уапсено едно лице“, вели Џафероски.

Изгаснат е и пожарот на Јабланица и сега во тој реон се активни стражи организирани од единиците на локалната самоуправа и противпожарните единици за да се следи натамошната состојба.

На прашањето, дали има сознанија дали се работи за намерно подметнување на пожари или се работи за неодговорно палење на стрништа, Џаферовски одговори дека во сите досегашни случаи на пожари кои се случија изминативе денови се работи „апсолутно за намерно и свесно предизвикување на пожари“.

„Од она што го имаме како директни сознанија и информации од терен, освен случаи на несовесно постапување на земјоделци кои палат стрништа на земјоделски површини, се работи најчесто за свесно подметнати пожари со палење на сува трева заради обезбедување на пасишта или на густа шума со цел да се дојде до ефтини дрва за сечење“, рече Џафероски.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување смета дека овие зачестени случаи на криминално уништување на шумскиот фонд во државата со цел заработка од продажба на опожарените дрва може да се запрат само со донесување на пропис, според кој продажбата на опожарени дрва би била забранета и казнива со закон.

Џафероски, исто така, најави дека Владата веќе го почна процесот на реформа на системот на управување, со цел поефикасно постапување на државните органи во вакви состојби на истовремено појавување на големи шумски пожари на голем дел од територијата, кои бараат вонреден ангажман на сите ресурси, но и на други вонредни ситуации предизвикани од човечка активност и природни катастрофи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Командирот на противпожарната единица Скопје, Кочовски: Сите пожари се подметнати

Пожари секој ден: Кој тоа си ја пали сопствената држава и сака да предизвика криза?

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски позитивен на Ковид–19

Редакција

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер денеска попладне

Редакција