еМагазин
Image default
Македонија

И Гевгелија ќе добие модуларна болница за лечење на пациенти со Ковид-19

Министерство за здравство информира дека теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен, а кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата.

„Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја. Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот.

Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија. Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиљановска Давкова се запозна со Мицотакис и Главчев на Самитот во Швајцарија

Редакција

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Редакција

Намалување од 37,2% на заболени со Ковид-19, просечниот процент на позитивност, 7,5%

Редакција