еМагазин
Image default
Свет

И сојузната американска држава Вирџинија ја легализираше марихуаната за лична употреба

Генералното собрание на американската држава Вирџинија го даде конечното одобрување за нацрт-законот за легализирање на поседување мала количина марихуана и за ограничено домашно производство од 1 јули 2021 година, три години порано отколку што првично беше планирано.

Сенатот и Претставничкиот дом вчера, и покрај силното противење на републиканските пратеници, усвоија закон според кој возрасните од 1 јули можат да поседуваат марихуана за лична употреба.

Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам, кој е од Демократската партија изјави дека државата „влегла во историјата како прва јужна држава што легализирала поседување марихуана“.

– Законите за марихуана експлицитно се насочени кон заедницата на луѓе со обоена кожа, а црнците во Вирџинија имаат непропорционално поголема шанса да бидат уапсени, обвинети и осудени, рече Нортам.

Неколку американски држави, како што се Њујорк или Колорадо, презедоа слични мерки, но Вирџинија е пионер во јужниот дел на САД, регион кој е социјално и политички многу конзервативен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марихуаната за рекреативна употреба стана легална во американската сојузна држава Њујорк

Постарите од 21 година ќе можат легално да поседуваат нешто повеќе од 28 грама марихуана за лична употреба, а дозволено е да се одгледуваат четири растенија по домаќинство.

Сепак, пушењето џоинт на јавни места нема да биде дозволено, исто како што не е дозволено конзумирање алкохол.

Производството и продажбата на марихуана нема да започне пред 2024 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во судирот меѓу Хамас и Израел досега загинаа речиси 2.500 лица

Редакција

Пандемијата со Ковид-19 може да трае уште 7 години, ако богатите земји не ги поделат вакцините

Редакција

(Видео) Украински авион се урна по полетувањето од Техеран, загинаа 176 лица

Редакција