еМагазин
Image default
Да помогнеме

И требаме на малата Елеонора: Потребни се 21 илијади евра за да има нормален живот

По неколку третмани во Франција и еден со матични клетки во Турција, состојбата на петгодишната Елеонора Тодоровска (5г) е подобрена, информира преку социјалните мрежи нејзиното семејство.

„Ова е и причината поради која се бара втор третман за справување со леукодистрофијата, а тој можеме да го овозможиме само со ваша помош. Докторите од „Лив хоспитал“-Турција сметаат дека шансите за Елеонора да има подобро утре се големи.

Затоа ја бараме вашата помош. Крајната цел се собирање на 21.000 евра за петгодишната Елеонора ги надмине секојдневните болки, да ја врати насмевката, а болничките ходници да бидат минато.

Борбата е секојдневна и тешка, бидејќи Елеонора не говори, не може да оди, не може самостојно да се храни“, велат од семејството.

Заболувањето на Елеонора е ретка генетска болест, што се јавува кај едно од 100.000 деца.

Можете да помогнете преку:

143-127 – Телеком

143-484 – А1

Трансанкциска сметка во Тутунска, на име Елеонора Тодоровска, сметка за донација: 210700000662646

Девизна сметка на име Елеонора Тодоровска, со IBAN: МК07210501730191280 SWIFT: TUTUNMK22

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да му помогнеме на 25-годишниот Андреј Илиевски, потребно е да се оперира од тумор на мозокот

Редакција

Преку „ДХЛ Експрес“ медот добиен на одржлив начин од „Медената земја“ може да стигне и до вас

Редакција

ИТНО е потребна крв Б-група, за пациент со акутна леукемија

Редакција