еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И во Македонија можна препорака за трета доза вакцина против Ковид-19

Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање, рече дека има зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, според него нема притисок ниту во болниците, ниту во амбулантите.

– Околу 15 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Будно ја пратиме состојбата. И покрај тоа што е сега прилично мирно, можно е овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, а ние интензивно ги пратиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата, вели Филипче.

Според него едно од можните сценарија е да има препорака за трета доза на вакцини. Во зависност од моменталната состојба, вели тој, ќе разговараат за евентуални рестриктивни мерки прво насочени кон оние кои не се вакцинирани.

– Затоа што нема потреба да им создаваме дополнителен ризик на луѓето кои се вакцинирани, знаејќи дека тоа е единствениот начин ние нормално да функционираме и животите да ги вратиме назад. Очигледно е дека кризата продолжува. Може да трае и повеќе години.

Така да, ставаме акцент на вакцинацијата. Верувам дека нема да спласне интересот кај граѓаните, минатата недела неколку денови по ред бевме едни од лидерите во регионот по број на дадени вакцини на 100 жители што е добар знак, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“

Проф. Трајковски: Толку високо зголемување на дневните бројки не сме виделе уште од ланското попуштање на мерките по Рамазан бајрам и Св. Кирил и Методиј

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бидете внимателни при палењето на скарата, апелираат од ЦУК

Редакција

11 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 159 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Боки 13 од Русковска дознал дека истрагата за него е завршена и не дал исказ

Редакција